makita
  Makita Home
corner
home sitemap   Web мапа    makita-see.com
 
 
Алат
chain Saw
 
Косилки за Трева
M2M Технологија
36V Lithium-ion Градинарски Алат
 
Технологија за намалување на вибрации
m2m
Работење со верижна пила и со друга тешка опрема за работа надвор е тешко за секого. Многучасовно користење на машините може да стане неудобно и при работа во потешки материјали од вообичаените доаѓа до појава на поголеми вибрации што може да предизвика незгоди и здравствени проблеми.
Поради тоа Makita го воведе Dual Mass (M2M) систем, како начин за раздвојување на апаратот во два ефективни дела и тоа едниот за ракување, а другиот за електриката.
Обележаниот дел во дијаграмот покажува каде се одвоени од моторот рачката од верижната пила, конзолата и веригата. Рачката е одвоена со придушувачки пружини кои ги апсорбираат вибрациите од моторот и од сечењето.
Maксимална моќност со минимален напор

Makita го разви посебниот ефективен систем за придушување на вибрации од моторот: Makita two-mass систем познат како M2M.
Вибрационата маса, составена од мотор, конзола и верига, е изолирана од другите делови на пилата со елементи за придушување на вибрациите. Придушувачкта маса е поголема и - според физичките закони за инерција - поефектна од едноставното придушување на рачките, како такви.
Научните мерења спроведени од разни аналитички институти ја потврдуваат значителната ефективност на системот M2M. Ефективното придушување на вибрациите го намалува физичкиот стрес при работа со верижната пила. Рацете остануваат мирни додека се сече, па водилниот лост може точно и сигурно да се насочува.

 
heavy_duty_spring     Easy_start     Housing     chain_brake  
                     
Вибрациите се пригушени со помош на тешки челични опруги кои се направети да траа.Тие зацземаат мал простор. Достапни се во моделите DCS4610 и DCS230T     Опругата обезбедува лесен старт. Едноставно само повлечете и моторот е веќе стартуван.     Кукиштето излиено од Магнезиум обезбедува робусност со мала тежина.     Интегрираната кочницазаланец и надворечната монтажа на ланец и ланчаник обезбедува лесно одржување.